Фетаи и Бубевски сменети од случајот „Титаник“


Вишата јавна обвинителка Соња Симовска ќе го заземе местото на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски утре пред Апелациониот суд каде ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите во предметот „Титаник 2“.

Ова следи откако предметите на СЈО ги презеде државното обвинителство, а во иднина за сите жалби на обвинетите или обвинителството, наместо екс специјалните обвинители, предметите пред Апелациониот суд ќе ги застапуваат обвинители од Вишото јавно обвинителством дознава Фокус.

Обвинетите Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешни членови на ДИК, кои беа осудени во овој предмет пред првостепениот суд, утре нема да се соочат со Фетаи и Бубевски, туку со Симовска.

SHARE