Фетаи: Можеме да очекуваме да забремени и Пецов

„Постојано е болен, повреден. Сега скршил прешлен што ќе заздравел за 1 месец. Во иднина, можеме да очекуваме дека ќе забремени.

Предлагам да се издвои Митко Пецов од оваа постапка“, побарала обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи на денешнпто судење за предметот „Шамари во Центар“, пренесува порталот „Сакам да кажам“.

Судијата Душан Јосифов донесе одлука да го издвои во посебна постапка Пецов и да го продолжи судењето во кое е обвинет и екс-премиерот Никола Груевски.