Фетаи против наредбата на Јанева – не дала да ја претресат во СЈО

Oбвинителката Фатиме Фетаи не дозволила да биде проверена од полицаец на влегување во зградата на СЈО.

Наредба за претрес на сите кои влегуваат излегуваат и влегуваат во СЈО, дала шефицата Катица Јанева.

Фетаи ова го потврди за ТВ24 додавајќи дека се спротивставила на оваа одлука.

„Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување.

На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти дека не можам да влезам без да бидат извршени проверки во мојата ташна. Тој се повика на наредба која денеска била дадена од шефицата Катица Јанева“ изјавила Јанева.

SHARE