Фетаи „сочно“ ја опсула Јанева наместо да дозволи да ја претресат

Фатиме Фетаи била многу изнервирана кога денеска ја сопрел полицаец на влез во СЈО и се обидел да ја претресе, по наредба на Катица Јанева.

„Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани.

Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување“, изјавила Фетаи во телефонски разговор за „Телма“.

„Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО“ додала Фетаи за Телма.