Фетаи за шефицата: Кој се огрешил, мора да одговара

„Ова што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот мора да одговара и дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во државата и дека никој не е недопирлив“, изјави обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи утрово во врска со вчерашното апсење на шефицата на СЈО Катица Јанева која од синоќа е во Истражниот за.

Фетаи смета дека евентуалната одговорност на Јанева не смее да ја оцрни и целата институција.

„Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продолжуваме со она што е наша работа- застапување на предмети во судница“, вели Фетаи.

Обвинителката минатата недела бурно реагираше на наредбата на Јанева, обвинителите на СЈО да бидат претресувани при влез и излез од оваа институција.

SHARE