ФФМ со премија од 100.000 евра за триумфот над Словенија

Македонските фудбалски репрезентативци и Стручниот штаб ќе поделат вкупна премија од 100.000 евра за победата од 2:1 над Словенија во квалификациите за Европското првенство.

„Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и на навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страници, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

SHARE