Филипче бега од искусни новинари, имал набиена агенда

Министерот за здравство Венко Филипче одбил барање да дојде на дебата со новинари кои се специјалисти за здравство затоа што според неговиот тим за односи со јавност имал набиена агенда.

“Уште малку од фрижидер не излегол, ама за да дојде на дебата со искусни новинари од здравство за да одговори на овие и многу други прашања, еве одговор”, објави новинарката Мери Јордановска која приложува и официјален одговор од ПР тимот на Филипче.

Колкаво е нивото на набиеност на агендата на Филипче за да не се сретне со добро подготвени новинари не е прецизирано во дописот од кабинетот на Филипче.

SHARE