„Никогаш не сме побарале ниту име ниту презиме, ниту улица или пак точна адреса, туку едноставно – општина и малку попрецизен регион во таа општина каде се лоцирани „критичните“ сограѓани. Не сакаме нив НИКАКО да ги стигматизираме, ама исто така не сакаме да не доведувате во ситуација бидеме крајно неоинформирани и подложни на ризик за близок контакт“ се вели, меѓу другото во прашањата кои „Канал 5“ отвопрено му ги поставува на министерот за здравство Венко Филипче.
„Како да ја одржиме дистанцата со оние кои се суспектни или не дај боже болни, а се во домашна изолација, ако дел од нив ги прекршуваат правилата за ненапуштање на својот дом?

Знаете ли колку такви случаи граѓаните ни пријавуваат? прашуваат од „Канал 5“.

SHARE