Најавеното блокирање на наплатните рампи во Клиничкиот центар денеска беше одложено, откако министерот за здравство Венко Филипче ветил дека ќе се сретне со градоначалникот Шилегов околу зголемените цени за паркирање во кругот на клиниките.

„Белите мантили“ два дена протестираат против одлуката на Шилегов да ја зголеми месечната цена за паркирање од 300 на 800 денари.

Тие не се согласуваат дека се „привилегирани“ во однос на друготе граѓани со тоа што досега плаќале по 300 денари за паркирање за еден месец, како што ги рарече градоналаникот.

Шилегов претходно изјави дека пациенти умираат на паркинг не можејќи да дојдат до клиниките од возилата на вработените…, потсетува МКД.мк.

SHARE