Филипче најави нов рок за изградба на Клинички центар

Во синоќешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 министерот Венко Филипче најави нов рок за изградба на Клинички центар за кој беше најавено дека ќе биде лоциран во општина Ѓорче Петров.

„Постапката практично започна. Ние ја прекинавме поради изборниот процес, коронакризата и сега треба да продолжи. Предлогот и концептот се Клиничкиот центар да биде во четири блока. Верувам дека првиот блок дефинитивно ќе биде завршен во следните четири години. Тоа ќе овозможи дел од сегашните клиники да се преселат и да почнат со работа. Како ќе бидат завршени следните блокови ќе се празнат и клиниките според стратегијата, потенцираше министерот Филипче, и дополни дека едни од најкритичните и тие на кои им треба многу внимание се клиниките каде има операциони сали и интензивна нега. Што значи дека први би се преселиле хируршките клиники и операционите сали, и сè што е поврзано со хируршка интервенција.

Околу финансирањето, Филипче посочи дека сè уште се работи на финансискиот модел и проценката е дека ќе чини околу 450 милиони евра.



SHARE