Филипче не знае(л) дека изборите зависеле од лекарите и коронавирусот (ВИДЕО)

Министерот за здравство Венко Филипче за Телма  вели дека изборниот процес никогаш не бил тема на дискусија врз основа на која се носеле препораките на Кмисијата за здравство, вклучувајки и сега кога партија на власт бара што поскоро да се одржат изборите – веднаш штом олабават мерките.

СДСМ денеска побара оджување избори веднаш откако че биде прогласена победа над коронавирусот.

„Никогаш досега, ниту еден настан, ниту пак изборниот процес кој беше на почетокот на оваа криза закажан, не беше предмет на дискусија, ниту пак беше нешто врз основа на што ние ги темелевме препораките. Се што се предложи од Министерството и Владата, сите мерки беа димензионирани на прво место да биде здравјето на граѓаните. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и понатаму“, истакна Филипче.