Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека по 80 часовниот полициски час кој е на сила во повеќе градови и општини, од понеделник нема да има никакви рестрикции.

Сепак. остави резерва дека во зависност од бројките на новозаразени којас прогресира – одлуката може да се смени.

На прташање како го толкува тоа што голем број граѓани го напуштија Скопје, но и други градови, за време на полицискиот час и заминаа во туристичките места, министерот со одговор:

„Луѓето секако ќе заминеа на туристичките места. Ние не можеме да ги спречиме, важно е само тие да се придржуваат до мерките.

Ќе има и други викенди, луѓето ќе патуваат, ние тоа не можеме да го спречиме. Времето ќе се станува поубаво, доаѓаат летни одмори, нормално е да се зголеми фреквенцијата. Но, важно е да се одржува дистанцата и да се носат маски“, вели Филипче.

SHARE