Филипче: Пикот на пандемијата беше на 17 ноември

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека смртноста од ковид-19 расте и кај нас како и во светот.,

Но, според него, пикот на епидемијата во земјава беше минатата недела, кога на 17 ноември беа регистрирани 1.400 новозаболени.

Министерот оцени дека бројот на новозаразени оттогаш е во благо опаѓање.