Филипче: Потврден првиот случај на коронавирус кај нас

Ова беше потврдено предмалку на прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и докторот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Станува збор за пациентка која утрово околу 3 часот била хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

„Нема простор за паника“, порача министерот Филипче на самиот старт на прес-конференцијата.

До граѓаните се апелира да се почитуваат препораките од Институтот за здравство.

SHARE