Филипче сакаше да објасни за срамот со Финска и излажа за бројот на патниците

Во обид да објасни дека заразените 24 патници кои пристигнале од Македонија а беа идентификувани во Финска како заразени од коронавирусот министерот Филипче се фати во лага за бројот на патниците.

Официјално властите во Финска објавија дека на летот имало 157 патници а според Филипче во авионот се качиле најмалку 161 патник односно 165 ако со албански, бугарски, шведски и естонски пасоши имало најмалку по двајца патници.

“Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши”, напиша Филипче и предизвика десетина интересни и логични прашања и коментари кои можат да се прочитаат на неговиот Твитер профил.

Зошто македонските власти дозволиле заразени од ковид19 да дојдат во ситуација да заразат цел аеродром во Скопје е едно од прашањата кои му се упатуваат на министерот за здравство на кои тој нема одговор.

SHARE