Филипче се пофали со системот за тестирање и идентификување на заразени со Ковид-19

Министерот за здравство вели дека системот што се спроведува во земјава на широко тестирање и идентификување на сите, па и асимптоматските пациенти од Ковид-19 е одличен, бидејќи на тој начин се намалува притисокот врз здравствениот систем.

„Огромен процент од новодијагностицираните се асимптоматски или со лесна слика, но со тестирањето можеме да предвидиме што ќе се случи како притисок врз болничките капацитети, како врз болниците, така и врз кадарот.

Сметам дека системот на широко тестирање е одличен, секако друг пристап може да значи дека во еден миг болниците ќе бидат затрупани со пациенти, а тоа сакаме да го избегнеме“, рече министерот Венко Филипче.

SHARE