Филипче се пофали со вакцини за само 2925 граѓани дури во февруари

Министерот за здравство прво тврдеше дека не смее да дава информации за бројот на набавени вакцини од компанијата Фајзер но откако сите соседи се пофалија со своите догофорнеи бројки тој реши да каже цифра за Македонија.

Но бројката е повеќе од скромна, иако Филипче информацијата ја споделува како успех сепак се работи за тотален неуспех и по бројот и по рокот за испорака.

Освен што Македонија ќе биде една од ретките земји што вакцинацијата ќе ја почнат дури во Февруари вакцини се обезбедени само за 2925 граѓани затоа што сите вакцинирани треба да добијат по две во рок од 21 ден.

“Одлична вест на почетокот на годината. Првата доза од 5850 вакцини против Ковид 19 од Фајзер стигнува во февруари, во директни преговори обезбедивме 800.000 дози за 2021. Пратка со поголема количина ќе дојде во март и април, а динамиката за годината дополнително ќе ја утврдиме”, пишува Филипче за неуспехот кој го нарекува одлична вест.

Наведените 800 илјади вакцини се доволни за 400 илјади од населението.