„Нема да дозволиме ниту едно дете да биде примено во училиште или во градинка невакцинирано. Волјата на родителот не може да биде посилна од правото на децата да бидат здрави. А притоа, не може една индивидуална постапка да го загрозува колективното здравје“, рече министерот Венко Филипче коментирајќи ја иницијативата на група родители.

Група родители поднесоа иницијатива до Собранието вакцинацијата да не биде задолжителна, а денес реагираа дека по нивната иницијатива Парламентот не расправал, бидејќи немало кворум, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.