На 24-часа пред доделувањето на оскарите „Американска фабрика“ вечерва ја освои престижната американска награда „Независен дух“ (Independent Spirit) за најдобар документарец.

Оваа награда се смета за оскаровски предвесник, пренесува Сакам Да Кажам.

„Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајхард, за пропадната фабрика на Џенерал моторс во Дејтон, Охајо што ја купува кинески милијардер, е прв филм во продукција на новата фирма на Барак и Мишел Обама „Хајер граунд“, а дистрибутер е гигантот Нетфликс.

Во конкурација за вечерашното доделување во категоријата – документарен филм – покрај синоќа наградениот се и „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубо Стефанов, кој има историски две номинации како прв филм што е номиниран и за најдобар документарец и за најдобар странски филм, како и најнаградуваниот документарец, сирискиот „За Сама“.

SHARE