Филмски грабеж на банка во Скопје

Во грабеж кој наликувал на сцена од филм, маскирани вооружени разбојници ограбиле експозитура на „Халкбанк“ на Качанички пат кон Визбегово. Вооружени со „калашникови“, разбојниците ги принудиле вработенуите да легнат на под и одзеле непозната сума пари, бегајќи потоа од местото со автомобил. Скопската полиција, веднаш откако бил пријавен грабежот, почна интензивна потрага по разбојниците. Related