Денес на финалето на Хрватска – Франција во Москва ќе присуствуваат 78.011 навивачи, колкав што е полниот капацитет на стадионот „Лужники“.

Ова ќе биде втора најголема посетеност во последните пет финални натпревари на Мундијалот, а средбата во Москва ќе биде втора по посетеност во 21 век.

Финалето во Јоханесбург во 2010 година го следеа 84.490 гледачи.

Рекорден број на гледачи на финален меч на Светското првенство во историјата кој никогаш нема да биде постигнат е 199.854. На митската „Маракана“ во 1950 година, речиси 200.000 беа сведоци на неочекуваниот пораз на домакинот Бразил од Уругвај со 1: 2, пренесуваат медиуми.

Посети преку 100.000 гледачи беа забележани и во Мексико во 1986 година, кога 114.600 гледачи ја гледаа победата на Аргентина на Марадона над Германија со 3: 2 на стадионот „Ацтека“.

Поради строгите правила на ФИФА, а пред се од безбедносни причини, таква голема посетеност веќе не е дозволена.

SHARE