Фирма на Крсто Мукоски доби тендер од 1,2 милиони евра


Компанијата ,,Атриум ДОО” од Вевчани на семејството на пратеникот Крсто Мукоски добила уште еден тендер, објави „Лидер“.

На 30 декември 2019 година неговата компанија ,,Атриум ДОО” од страна на државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор доби тендер за изградба на објект во Свети Николе во вредност 76.960.351 денари или 1.251.000 милиони евра.

Пратеникот Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ, гласаше за промена на името на државата и по што беше исклучен од партијата.

SHARE