Фирмата „Викторија Инвест“ од Албанија со седиште во скопската општина Карпош, која што добила најмногу пари од државата, а не им исплатила на своите вработени е истата фирма која што работи и на изградбата на автопатот Кичево – Охрид како подизведувач.

Фирмата која што е една од стотици фирми кои што добиле финансиска помош од државата, а не ги исплатиле своите вработени. Според листата што ја објави Владата, оваа фирма зела над 600.000 денари за 86 вработени, а не им исплатила ниту денар.

Според информациите од Владата, од објавувањето на скандалот од страна на УЈП до сега само 30 фирми им ги префрлиле парите на сметките на вработените.

Целокупната листа со фирмите е испратена и до Светската банка, која што и позајми дел од парите на државата за да им се помогне на работниците во време на корона кризата. Од таму велат дека освен што фирмите ќе треба да ги вратат парите, ќе бидат и дел од истрага што ќе ја спроведе Светската Банка.

SHARE