Фирми без вработени лани имале обрт од 200 милиони евра

Минатата година 442 фирми кои имаат само управител, но ниеден н вработен, направиле обрт од речиси 200 милиони евра.

Од тие пари, 15% или околу 30 милиони евра од вкупната сума, им останале како чист профит, објавува аналитика.мк.

Според порталот, тоа е еднакво на третина од приходите, на пример, на компанијата „Кромберг и Шуберг“ со 6,437 вработени чија дејност е производство на автомобилски делови или, пак, на белгиската „Ван Хол“ за производство на автобуси со 1.030 вработени.