ФК Вардар го честита празникот: Идеалите ваши се заклетви наши!

Со транспарент на своите навивачи „Комити“ со пораката „Идеалите ваши се заклетви наши“, фудбалскиот клуб Вардар преку својот официјален профил на Твитер го честита државниот празник Ден на македонската револуционерна борба.

„Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Идеалите ваши, се заклетви наши! Македонија е сѐ што имаме!“, твитна најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

SHARE