Фокус: Бодигард на Пендаровски позитивен на корона!

Член на поширокиот тим на обезбедувањето на претседателот на државата, Стево Пендаровски е позитивен на Ковид 19, информираа денеска од неговиот кабинет, пренесе „Фокус“.

Тој сепак, немал контакт со шефот на државата.

Според информации на „Фокус“, членот на обезбедувањето од министерството за внатрешни работи ја носел баба му во болница, каде што таа фатила корона вирус, од кој подоцна се заразил и тој.

SHARE