„Фокус“: Јанева се појави на работа

Катица Јанева денеска се појавила на работа во Специјалното јавно обвинителство, јави Фокус откако оваа вест им била потврдена од СЈО. Шефицата на СЈО на 15 јули поднесе оставка, за која подоцна се испостави дека била само усна, а ја услови со нејзино заминување од СЈО кога ќе биде избран нејзин наследник.

Оставката која ја „депонираше“ јанева беше во истиот ден кога беа притворени двајцата осомничени во скандалот „рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец.

Неколку дена подоцна, Јанева ги информираше колегите дека добила 30 дневно боледување, кое, како се покажа, го прекинала за да замине на одмор.

Според непотврдени информации, Катица Јанева веќе неколку дена е во замјава, а лажни вести биле информациите дека таа од Грција, наводно, заминала во Кипар.

Јанева, треба да се појави во Обвинителството да даде изјава во врска со истрагата за „Рекет“, но се уште не е утврден датум.