Германската компанија Фолксваген оваа недела ќе го прекинепроизводството на најновата верзија на фолксфаген „Beetle“ во фабриката во мексиканскиот град Пуебло.

Оваа одлука го означува крајот на патот за возилото почна да се произведува во 1938 година.

Оригиналниот дизајн на фолксваген “Буба” е на австрискиот инженер Фердинанд Порше, кој бил ангажиран да ја реализира идејата на Адолф Хитлер за „народен автомобил“.

До 1955 година биле произведени милион „буби“ а најголем странски пазар за тој модел станаа САД, каде само во 1968 година, биле продадени 563.522 автомобили или 40 отсто од годишното производство.

Производството во фабриката во германскиот град Волфсбург заврши во 1978 година со доаѓањето на новиот модел „голф“, но производството на оригиналниот модел продолжи во Мексико од 1967 до 2003 година.

Последниот автомобил од иновираната нова „буба“, од последната серија на 5.961 автомобили ќе заврши во музеј по утрешната церемонија во Пуебло која ќе го означи крајот на производството.

SHARE