„Фолксваген“ ја избра Србија!

Германскиот автомобилски гигант „Фолсваген“ реши да гради нова фабрика во Србија, инвестиција тешка околу 1,4 милијарди евра.

Фабриката ќе има 5.000 вработени, од кои дури 650 инженери, а првите автомобили на „Фолксваген“ треба да излезат во 2023 година.

Иако Романија и Бугарија, како членки на Европска унија, се очекуваше да бидат во најтесниот избор, како и Турција, која има голем пазар со 80 милиони жители, сепак, германскиот гигант се одлучил за Србија.

Новата фабрика ќе има капацитет од 300.000 возила годишно, а тоа ќе придонесе за извоз од 4,5 милијарди евра.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев изјави дека станува збор за шпекулации дека автомобилскиот гигант можел да инвестира во фабрика во Македонија.

SHARE