Автомобилискиот концерн „Фолксваген“ ја одложува одлуката за изградба на фабрика во Турција, а причината е турската операција во Сирија против припадниците на Работничката партија на Курдистан.

Иако започна разговори со Анкара за изградба на фабрика во близина на Измир, по почетокот на турската операција во Сирија, менаџментот на Фолксваген веќе не брза да го потпише договорот за изградба.

Портпарол на „Фолкфаген“ објасни дека тие ја следат ситуацијата со голема претпазливост.

Според досегашните преговори, предвидено беше новите модели  на автомобилите „пасат“ и „шкода суперб“ да се произведуваат во новата фабрика за што автомобилскиот гигант треба да инвестира една милијарда евра.

По 2022 година, фабриката се очекува да произведува 300.000 возила годишно, а предвидено е отворање на  4.000 работни места.

SHARE