Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се извини на Италија за одложениот одговор на Европската унија на пандемијата на коронавирус.
„Извинете, ние сме со вас“, е насловот на писмото испратено од шефот на ЕК до Италијанците и објавено денес во италијанските медиуми.
„Денес Европа се мобилизира за да биде со Италија. Но, тоа не било така секогаш“, признава таа во текстот објавен во „Ла Република“, пренесува Index.hr.
Италијанците уште на почетокот беа лути затоа што и Франција и Германија одбија да им испратат заштитна медицинска опрема. Чувството на напуштање се засили кога Германија и Холандија го отфрлија повикот за заеднички европски долг на инструментот, т.н. корона-обврзници.
„Мора да се признае дека на почетокот на кризата, кога требаше да се даде заеднички европски одговор, многумина мислеа само на нивните национални проблеми“, напиша Фон дер Лајзен.
Во меѓувреме, како што истакна таа, Европа ја променила својата динамика и најави дека Унијата ќе формира фонд од 100 милијарди евра за финансирање на платите на работниците со скратено работно време.
Таа исто така истакна дека 25 земји од ЕУ сега испраќаат милиони маски во Италија и Шпанија.