Фон дер Лajeн: Жалам, нема сигнал за одлука за проширување

Новата шефица на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека нема сигнал што сугерира дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе има одлука за процесот на проширување на ЕУ.

„Длабоко жалам поради тоа, бидејќи верувам дека овие земји направија значителни напори за да се приближат кон ЕУ и затоа многу е важно да им се даде вистински сигнал, изјави Фон дер Лајен пред почетокот на Самитот на лидерите на ЕУ за „Политико“.

За можноста за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија веројатно ќе се разговара и вечерва на Самитот на лидерите на ЕУ.