Формирана Украинска црква

Историски собор на православните свештеници во Киев ja создадoaе украинска црква, независна од Русија, изјави денеска украинскиот претседател, Петро Порошенко.

„Се случи“, изјави шефот на државата преверниците собрани пред црквата Света Софија Киевска, – едно од најпопуларните светилишта во украинската престолнина.

„Овој ден ќе остане во историјата како свет ден во кој беше формирана автокефалната православна црква на Украина. Денот кога конечно ја добивме нашата независност од Русија“, рече Порошенко цитиран од АФП.

З прв човек на  новоформираната Украинска православна црква  беше избран  39-годишниот митрополит Ефипан.

Соборот беше свикан откако Вселенскиот патријарх Вартоломеј  од Константинопол, духовниот лидер на сите православни христијани во светот, ја призна независноста на Украинската Црква од Москва.

Во знак на протест, Руската православна црква ги прекина врските со Константинопол, пишува БГНЕС.

SHARE

Оставете коментар