Фото на денот: Пробиштип и „двојазичноста во главата на ВМРО-вците“

Уверувањата на претставници на власта дека „двојазичноста е само во главата на ВМРО-вците“, како и дека Законот за употреба на јазиците нема да важи на целата територија на државата, ги демантира нова табла на државна институција во Пробиштип.

Од фотографијата што кружи на социјалните мрежи се гледа дека натписот на обележјето за Државен инспекторат за труд не е ни двојазичен, туку на три јазика – македонски, албански и англиски.

Од 16.193 жители во Општина Пробиштип според последниот попис од 2002 година, Македонци се 15.977 или 98,7 проценти, 89 лица се изјасниле како Срби, по 37 Власи и Роми, 6 Турци, 1 Бошњак и 46 други националности.