Фото за незаборав: Коби Брајант со македонското знаме!

И Македонија барем за момент влезе во животот и во кариерата на трагично починатата кошаркарска легенда, за што сведочи фотографијата на Коби Брајант со македонското знаме.

Станува збор за овековечен момент од Светското првенство во стритбол во Париз во 1998 година, кога „црната мамба“ им направи чести на македонските репрезентативци.

На фотографијата е уште еден НБА-великан, Трејси Мекгрејди.

SHARE