Премиерката на Финска, Сана Марин (34) предизвика „скандал“ откако на интернет се појавија нејзини фотографии од новата фотосесија за модниот магазин Тренди.

На фотографиите, Сана Марин позира во црно сако со длабоко деколте облечено – на голо.

Многу корисници на социјалните ја критикуваа Сана Марин за многу провокативната слика избрана од фотосесијата. Според нив, една политичарка на такво ниво едноставно не може да си дозволи да се појави во списание речиси полу облечена.

Сепак, имаше и такви кои ја поддржуваа Сана Марин. Во знак на солидарност, тие започнаа да објавуваат свои фотографии.

Нејзините приврзаници алармираа дека се работи за дискриминација, истакнувајќи дека во општеството мажите многу помалку оценуваат според изгледот отколку жените.

Сана Марин беше избрана за премиер на Финска на крајот на минатата година.

SHARE