Фотомонтажа на денот: Зоки и Боки

Креативноста во реакциите за најновиот развој со аферата „Рекет“ доживеа врв со фотомонтажата на денот, во која лектирата „Зоки и Поки“ од Оливера Николова стана „Зоки и Боки“.

Првиот го зајми ликот на премиерот Зоран Заев, вториот на Бојан Јовановски, алијас Боки 13, во местото на корицата за авторот стои – Федерика Могерини, а тука е и чантата „Луј Витон“!

„Зоки Поки“ е актуелна деновиве со почетокот на снимањето на истоимената телевизиска серија.

SHARE