Во текот на наредната недела од Кина се очекува да пристигнат 41 диносаурус за Дино-паркот во скопската Зоолошка градина.

Дино паркот почна да се гради лани на 10 октомври и тогаш градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни.

Финансиер на овој проект е Град Скопје кој за оваа намена од градската каса издвои 325 илјади евра. 

Граѓани со интересни реакции на социјалните мрежи: