Фракцијата на Кекеновски: Целта е дебакл на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за претседател

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ зад која стои професорот Јове Кекеновски смета дека целта на сегашните процеси е катастрофален пораз на опозицијата на претседателските избори и прифаќање на Законот за јазици и Преспанскиот договор.

“Целта на удбашко криминалните структури со полни џепови, во спрега со Зоран Заев и дел од меѓународната заедница, е ВМРО- ДПМНЕ на претстојните претседателски избори да доживее дебакл, сѐ со цел да победи кандидатот на СДСМ кој потоа би ги потпишал и објавил во Службен весник усвоените амандани за промена на Уставот на РМ, ратификацијата на Преспанскиот договор како и Законот за јазиците”, се вели во реакцијата на фракцијата зад која стои Кекеновски.