Франција ѝ враќа на Македонија што на погребот на Ширак го пратила Адеми?!

Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, на Твитер пренесува објаснување на свој пријател дипломат од Франција зошто официјален Париз има тврд став кон Македонија околу преговорите со Европска унија.

„Пријател француски дипломат: Не ги видовме претседателот Пендаровски, премиерот Заев или министерот за надворешни работи Димитров на погребот на претседателот Ширак (наместо нив, министерот за дијаспора [Едмонд Адеми – н.з.]). Сега Македонија ни се заканува: ‘Нема зелено светло? Груевски ќе се врати, Владата на Заев ќе падне’. Не се случи во јуни, нема да биде ни сега. Притисокот контрапродуктивен“, твитна Ван ден Берг.

SHARE