Франција вчера регистрираше рекордни 32.427 нови случаи на коронавирус во 24 часа. Новиот дневен рекорд доаѓа откако стапи во сила строгиот полициски час во Париз и во осум други градови помеѓу 21 часот и 6 часот наутро.

На жителите им е дозволено да ги напуштат своите домови само доколку имаат оправдана причина: патување до или од работа, итни медицински случаи, грижа за роднини или деца или патување до или од аеродроми или железнички станици за подалечно патување .

SHARE