Француски бизнисмен предложил Франција да ја продаде „Мона Лиза“ за да ги покрие финансиските загуби предизвикани од пандемијата на коронавирус објави „Дејли Мејл“.

Стефан Диетинген ја споделил оваа идеја за прв пат во интервју за публикацијата „ Usbek & Rica’.

„Франција мора да ја продаде оваа семејна реликвија за најмалку 50 милијарди евра.

Од ден на ден, ги броиме милијарди загуби, како децата што пресметуваат колку време му треба на каменот да падне во бунар за да ја измерат неговата длабочина“, рече тој, додавајќи дека кризата не заврши.

Овие не се измислени милијарди и тие треба да бидат платени.

Значи има смисла да се продаде нешто многу вредно за максимална можна цена.

„(Цената) Мора да биде невидено висока за да има смисла на трансакцијата“, рече тој за легендарното дело на Леонардо Да Винчи.