Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека промената на методологијата за проширување на ЕУ влијаела врз Франција веќе да не му се противи на тој процес, но оти сега треба уште да се убедат Холандија и Данска, пренесе РСЕ.

Премиерот на Хрватска, која е пртседавач на Европската унија, додаде дека очекува до крајот на март да се заокружи и усвои ставот на Унијата за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Шефовите на Европскиот совет и Европската комисија Шарл Мишел и и Урсула фон дер Лајен изразија желба за што потесни врски со земјите од Западен Балкан.

„Мислам дека е во наш заеднички геостратегиски интерес да го имаме Западен Балкан што е можно поблиску до Европската унија“, изјави Урсула ван дер Лајен во Брисел на состанокот ЕУ-Западен Балкан.