Франција ќе го одложи датумот за најмалку половина година

Отворањето на пристапните преговори меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија најверојатно ќе се одложи, најрано до следното лето, дознава Радио слободна Европа од дипломатски извори.

Ова е последица од цврстиот став на Франција која не попушта во барањето да се смени методологијата во процесот на проширување пред да отпочнат преговорите со Тирана и Скопје.

Инаку, земјата претседавач со ЕУ, Финска повторно го измени нацрт заклучокот во петокот и го прилагоди според потребите на Франција

Во документот во кој имаше увид РСЕ стои дека првата меѓувладина конференција би се одржала „најдоцна во првата половина од 2020 година.“

Меѓувладината конференција го одбележува отворањето на поглавјата во пристапните преговори./

SHARE