Вкупно 81 образовни институции во Франција се затворени, само 15 дена по почетокот на школската година, додека во десетина универзитети, особено медицински училишта, се појавија случаи на инфекција со Ковид-19.

Министерот за образование Жан-Мишел Бланкерје рече дека повеќе од 2.000 паралелки или околу 0,13 проценти од 60.000 училишта во земјата се затворени поради коронавирусот.

Во споредба со минатата недела, „сега имаме скоро 1.200 нови случаи на ковид меѓу учениците“, вели министерот кој информира дека клас се затвора по три потврдени случаи.

Министерот за високо образование, Фредерике Видал, рече дека случаите со ковид-19 на десетина универзитети се главно поврзани со приватни собири на студентски вечери и барови, пренесе МКД.Мк..

SHARE