Франција сака да се повлече од блокадата на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија, веднаш штом се постигне единство околу реформата, изјави Клемен Боне советник на францускиот претседател Макрон, во разговор за ФАЦ.

„Ќе се спротивставиме на тоа с. Македонија и Албанија да бидат третирани одделно. Тоа ќе биде спротивно на нашата желба да се поттикне стабилноста на регионот“, вели Боне за Франкфуртер алгемајне цајтунг.  

Против одвојувањето на Скопје и Тирана во преговарачкиот процес во повеќе наврати се изјасни и францускиот претседател Макрон, последен пат во интервјуто за магазинот Економист во ноември минатата година, потсетува Дојче Веле.

„Најголемиот дел (од земјите-членки) беа за отворање преговори со с. Македонија, но речиси половината беа против преговори со Албанија. Тоа ќе беше фатална грешка“,рече тогаш Макрон во интервјуто.

„Реалноста е дека доколку не отворите преговори и со Албанија, создавате ужасна траума во регионот. Албанските јазични заедници се насекаде. Доколку ја понижите Албанија, ќе направите трајна дестабилизација на регионот“, објаснуваше тогаш Макрон.

SHARE