Франција против отворање на нови предмети на СЈО, ќе се уништел системот (ВИДЕО)

Гонење и на актуелната корупција и врските меѓу партиите и бизнисот од страна на СЈО може да доведе до порамнување на сметки а не ефикасно судство, вели францускиот амбасадор во Скопје во врска ао најавата дека СЈО би можела да отвори нови истраги.

Ако СЈО продолжи бескрајно да отвара нови предмети ќе се уништи системот, е стравот на официјален Париз.

“Отворањето на нови предмети од страна на СЈО, носи ризик да се компромитира целиот систем“, изјави амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во интервју за ТВ21.

Франција се очекува да биде најголемиот противник на добивање датум за преговорибсо ЕУ во јуни.

Официјален Париз очекува напредок во 4 области меѓу кои реформа на судството каде што засега работите се целосно блокирани.

SHARE