Франција смета дека ЕУ не е подготвена да прими нови членки

Документи разменети меѓу дипломатските мисии во Брисел, до кои дошол Блумберг, покажуваат дека Франција смета дека ЕУ се уште не е подготвен да прифати нови членки

Франција, но и Холандија, сметаат дека е потрбен целосен ремонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со Македонија и Албанија.

Париз инсистира понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“, се вели во нацрт-коминикето на министерскиот состанок во Луксембург. Меморандумот на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ.

Никаков датум за формални преговори не треба да им се дава на Албанија и Северна Македонија пред ЕУ да го заврши овој ремонт на својата „методологија“, се вели во извештајот.

Амбасадорите на ЕУ утре ќе се потрудат да посредуваат за компромис пред министрите да се состанат во Луксембург во вторник, каде што треба да се донесе одлуката.

SHARE