Франција со Кина склопи дил од 15 милијарди евра

Кина и Франција потпишаа договори во вредност од 15 милијарди долари за време на посетата на францускиот претседател, Емануел Макрон, на Пекинг, пренесува Ројтерс.

Договорени се проекти од областа на воздухопловството, енергетиката и земјоделството, а 20 француски компании добија зелено светло за извоз на говедско, свинско и месо од живина во Кина.

Француската енергетска компанија „Анжи“ и кинеската групација „Пекинг гас“, заедно ќе работат на терминалот за течен природен гас во градот Тјенџин, а француски „Тотал“ ќе основа заедничко претставништво со кинеската „Шенерџи груп“, за камионска дистрибуција на природен гас во делтата на реката Јангце.

Двете земји договориле до крајот на јануари 2020 година да ја договорат и цената и локацијата на новата фабрика за обработка на нуклеарно гориво која ќе ја гради француската компанија „Арева“.

SHARE