Франција забранува смартфони во училиште

Пратениците од двата дома на францускиот парламент се договорија за нацрт-закон со кој од септември употребата на мобилни уреди во школите ќе се казнува, освен ако не станува збор за образовни цели, соопшти АФП.

Оваа мерка беше едно од изборните ветувања на претседателот Емануел Макрон.

Во Франција, девет од десет ученици на возраст меѓу 12 и 17 години имаат паметен телефон, а тие претставуваат проблем во наставниот процес.

Наставниците сега ќе можат и законски да ги конфискуваат телефоните доколку е потребно. Раководствата училиштата ќе одлучи на кој начин ќе ја спроведуваат забраната – дали да ги оставаат своите телефони на влезот на училиштето или да ги држат исклучени.

Предлог-законот се очекува да биде изгласан од Сенатот на 26 јули и да добие конечно одобрување на пратениците од Националното собрание на 30 јули.

SHARE

Оставете коментар